ЦУК: Изгаснати сите 18 пожари на отворено
Територијалните противпожарни единици интервенирале и на неколку помали пожари на запалена сува трева во урбаните и населени места, а паралелно гаснеле и пријавени пожари на објекти во градовите и населените места.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се изгаснати сите 18 пожари на отворено и дека нови пожари утрово нема. Во некои општини имало и по неколку пожари, а гореле сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една плевна и неколку депонии.
Територијалните противпожарни единици интервенирале и на неколку помали пожари на запалена сува трева во урбаните и населени места, а паралелно гаснеле и пријавени пожари на објекти во градовите и населените места.
ЦУК апелира граѓаните да се воздржуваат од палење оган на отворено, а ако забележат пожар или друга опасност по граѓаните, а и по природните и материјалните добра во државата, да го пријават тоа на Единствениот телефонски број за итни случаи 112.
