МВР

Претрес во скопски Аеродром, пронајдена дрога, приведен дилер

21.09.2023 10:45

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.А.Г.(21) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.