Охрид
Одложено судското рочиште за случајот со Христијан Пендиков
21.09.2023 11:22
Во судницата беа присутни оштетениот и првообвинетиот Илија Спасески, кој се товари за кривично дело- нанесување на тешки телесни повреди...

Поради штрајкот на вработените во судската администрација, одложено е денешното судско рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води поради нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид.
Во судницата беа присутни оштетениот и првообвинетиот Илија Спасески, кој се товари за кривично дело- нанесување на тешки телесни повреди.
Според судијата Бојан Мартиноски кој следното рочиште го закажа за 26-ти октомври, овој предмет тогаш ќе биде споен со оној на сообвинетиот, Борче Ангелов од Битола, кој во меѓувреме бил идентификуван од надлежните органи.
