Полска престанува да испорачува оружје за Украина
Еден од најцврстите сојузници на Украина, Полска, повеќе нема да доставува оружје на Украина, бидејќи ескалира дипломатскиот спор околу житото...

Еден од најцврстите сојузници на Украина, Полска, повеќе нема да доставува оружје на Украина, бидејќи ескалира дипломатскиот спор околу житото. Премиерот Моравјецки рече дека фокусот на Полска е наместо тоа да се брани со помодерно оружје. Полска веќе и испрати на Украина 320 тенкови од советската ера и 14 борбени авиони МИГ-29.
Претходно Полска го повика украинскиот амбасадор поради коментарите на претседателот Зеленски во Обединетите нации откако Полска, Унгарија и Словачка ја продолжија забраната за украинското жито.
Зеленски рече дека е алармантно како некои од пријателите на Украина во Европа се солидаризираат, а Варшава ги осуди неговите зборови како „неоправдани во однос на Полска, која ја поддржува Украина од првите денови на војната“.
