Романија
Четворица загинати во експлозија на гасовод во Романија
21.09.2023 11:59
Четворица градежни работници загинаа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести...

Четворица градежни работници загинаа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести. Петмина повредени се хоспитализирани.
На самото место биле пронајдени четири јагленосани трупови. Пожарот бил изгаснат за околу три часа. Според прелиминарните информации, експлозијата се случила откако багер ненамерно удрил во крак од гасоводот за време на ноќната работа.
