САД последни по асистенции на Мундобаскет 2023 година
Помеѓу репрезентациите со мал број асистенции се и двата полуфиналисти: Канада (128,5 за 26. место од 32 екипи) и Германија (134,3 за 25. место).
Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) објави детална статистика од неодамна завршениот Мундијал. Според статистиката, репрезентацијата на САД го зазеде последното место по број на асистенции, односно вкупно 114,1. Прва е Шпанија со 212,4.
Помеѓу репрезентациите со мал број асистенции се и двата полуфиналисти: Канада (128,5 за 26. место од 32 екипи) и Германија (134,3 за 25. место).
САД беа критикувани и за слабата одбрана во текот на целиот турнир. Тие и дозволија на Литванија да постигне 110 поени во второто коло, Германија постигна 113 во полуфиналето, а Канада постигна 127 во натпреварот за третото место.
