Лога: Без Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да имаме борба против корупцијата и криминалот
Со овој закон ќе се оневозможи располагање со имот и имотна корист која не може да се докаже дека е стекната од законски извори што ги прави противправните дејствија неисплатливи и овозможува ефективна борба против криминал и корупцијата, соопштуваат од Министерството за правда.

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на последниот состанок на работната група која го подготвува новиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предлагач на законот е Министерството за правда, а со работната група претседава Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење.
Со овој закон ќе се оневозможи располагање со имот и имотна корист која не може да се докаже дека е стекната од законски извори што ги прави противправните дејствија неисплатливи и овозможува ефективна борба против криминал и корупцијата, соопштуваат од Министерството за правда.
Министерот за правда Кренар Лога пред присутните членови на работната група посочи дека овој закон е од исклучително значење и без него не може да се спроведува борбата против криминалот и корупцијата.
Предметот на постапката уредена со овој закон опфаќа имот во или надвор од Република Северна Македонија кој е во сопственост на физички и правни лица лица
Со овој закон се овозможува признавање и извршување на странски одлуки за конфискација во граѓанска постапка, како и меѓународна соработка со надлежни органи со цел оневозможување на располагање со имот кој не е стекнат од законски извори.
Текстот на предлог законот ќе биде испратен на мислење на Венецијанската Комисија и Европската Комисија, стои во соопштението од ресорот правда.
