Почнаа преговорите за Нагорно-Карабах
Претставниците на Азербејџан и етничкото ерменско раководство на отцепениот регион Нагорно-Карабах на разговори за „реинтеграција“. До ова доаѓа по 24-часовната воена офанзива која драматично ги промени политичките калкулации на Кавказот...

Во Јевлах, почнаа преговорите меѓу властите на Баку и на претставниците на ерменската заедница придружени од руските мировници за смирување на конфликтот во регионот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, во јужниот Кавказ. По еднодневната војна, двете делегации треба да разговараат за реинтеграција на Нагорно-Карабах во Азербејџан.
Во меѓувреме, протести во Ереван поради последната кризна состојба и примирјето во Нагорно-Карабах. Ерменците се гневни на предавањето на ерменските бунтовници во конфликтниот регион. Опозицијата најави формирање национален комитет за смена на Никол Пашинјан и неговиот тим додека демонстрантите протестираат пред владата.
„Ја губиме нашата татковина, го губиме нашиот народ“.
„Пашинјан „мора да замине, времето покажа дека тој не може да владее. Никој не му даде мандат Карабах да капитулира“.
Двете страни во конфликтот се согласија на разговори во четвртокот за „реинтеграција“ на регионот во Азербејџан што се смета за извојувана победа на Баку.
Жителите во главниот град на Азербејџан оценуваат дека договорот е конечна победа и
„Војната е завршена“.
„Бев многу среќна со оваа вест. Конечно, војната заврши“.
Делегација од ерменската заедница на Нагорно-Карабах пристигна на разговори со азербејџанските претставници во Јевлах, по прекинот на огнот.
Претседателот на Азербејџан, Алиев објави потенцијално успешно завршување на антитерористичките мерки во Нагорно-Карабах.
„Како резултат на почнувањето и успешното завршување на антитерористичката операција, Азербејџан го врати својот суверенитет. Нашите војници покажаа храброст и професионалност на теренот. Целосно е уништен голем дел од армијата на ерменската држава, која илегално беше стационирана на територијата на Азербејџан и до ден денес не е отстранета и покрај посветеноста на Ереван. Воената опрема е уништена и онеспособена“, изјави Илхам Алиев, претседател на Азербејџан.
Нагорно-Карабах е меѓународно признаен како дел од Азербејџан, околу 120 илјади етнички Ерменци. Во рускиот контингент се распоредени дополнителни пет илјади мировници за евакуација на Ерменците од кризниот регион.
Марина Ристова
