Во Дојран промовирана „Европска недела на мобилност“
Министерот заедно со директорот на Постојаниот Секретаријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, денеска ја одбележаа „Европската недела на мобилност“ каде се вклучија во промоција на велосипедот како алтернативно средство за превоз, се со цел да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина...

Зелената агенда е висок приоритет на Министерството за транспорт и врски со што преземаме низа мерки и активности за нејзина промоција како политика на Владата за заштита на животната средина и намалување на аерозагадувањето, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната посета на општина Дојран.
Министерот заедно со директорот на Постојаниот Секретаријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, денеска ја одбележаа „Европската недела на мобилност“ каде се вклучија во промоција на велосипедот како алтернативно средство за превоз, се со цел да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина.
„Доколку сакаме поздрава животна средина, подобра иднина за нас и нашите деца, мораме да ги смениме нашите секојдневни навики и затоа сметам дека реформата во транспортните системи е неопходна. Ова е еден од алтернативните видови на превоз преку кој, почнувајќи од најмладите и вклучувајќи ги сите граѓани сакаме да ја подигнеме свеста за користење на алтернативните видови на превоз, кои не само што го намалуваат аерозагадувањето, туку заштедуваат и енергија. Ова е особено изразито во користење на автомобилите. Министерството за транспорт и врски е особено посветено на реализација на агендата за зелен транспорт, каде што се обидуваме преку транспортниот сектор да наметнеме нови мерки во намалување на загадувањето на животната средина“, изјави министерот Бочварски.
Оваа година општина Дојран е дел од глобалната недела на урбана мобилност во која учествуваат 2.695 града од 43 земји во Европа и светот.
