Дали во производот го има тоа што го пишува на декларацијата?!
Само по пријава на купувачи лани се уништени 10,5 тони небезбедна храна. Од Агенцијата за храна на терен контролираат што јадеме и одговара ли напишаното со составот на прозиводот...

Во сирење пронајдени масти кои не се млечни. Во декларацијата не пишувало дека во производот има палмино и рибино масло. Сол со премалку јод, но, вистинскиот состав не стои и во декларацијата. Дали тоа што пишува и навистина го има во производот.
„Тоа е дискутабилно, не сум баш сигурен... Би требало ама не верувам...На декларацијата пишува едно, а прозиводот содржи нешто друго“, велат случајно анкетираните граѓани.
Производителите ги гледаат само своите интереси, велат од организацијата за заштита на потрошувачи.
„Не само дека не сепочитува правото на потрошувачот, туку не го земаат ни во превид кога се појавуваат на пазарот“, смета Маријана Лончар, Претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија.
Само по пријава на купувачи лани се уништени 10,5 тони небезбедна храна. Од Агенцијата за храна на терен контролираат што јадеме и одговара ли напишаното со составот на прозиводот.
„Има отстапувања, но се работи за поединечни случаи. Се пишуваат казни. До 5000 евра се за правното лице и до 500 евра за физичкото лице во правното лице“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.
Надлежните подготвуваат нов правилнк. Декларациите на производите ќе бидат стнадардизирани како оние во ЕУ за да можат сите да прочитаат што точно јадат.
Наташа Јанчиќ
