Град Скопје

Скопје е избран за Европска престолнина на културата за 2028 година

21.09.2023 14:52

Градот Скопје ја доби титулата „Европска престолнина на културата за 2028 година“. Одлуката ја соопшти Европската комисија во Брисел. Изборот на Скопје за престолнина на културата во Европа за 2028 година е голем успех за македонската култура, вели министерката Костадиновска-Стојчевска...

„Европска престолнина за културата за 2028 година“. Скопје ја доби оваа престижна титула од Европската комисија во Брисел. Под европското и македонското знаме ќе ја подигнеме креативната енергија за таа да се рашири и низ целиот континент, рече министерката за култура Стојчевска.

УНЕСКО ја препозна нашата сериозна посветеност и Охридскиот Регион го задржа престижниот статус на исклучителна универзална вредност – посочи министерката. Според неа тоа е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите кои имаат негативно влијание врз регионот.

Костадиновска-Стојчевска ја повика разрешената директорка на Филхармонија Иванова да одговори на прашањата на новинарите, а не преку писмени реакции, за јавноста да го дознае вистинскиот мотив за нејзиното разрешување за кое според неа има повеќе причини. Во однос на наводниот предлог за кратење на буџетот за филмска дејност, таа објасни дека кога се навлегува во процес на прераспределба во буџетот, се замрзнуваат одредени средства што не се реализирани. Тоа значи дека сите пари им се на сметка, но Агенцијата за филм немала испратено ниту еден план за исплата до Министерството.

 

Александра Спировска