Полска ја запира испораката на оружје на Украина
Еден од најцврстите сојузници на Киев, Полска, повеќе нема да и доставува оружје на Украина. Полскиот премиер Моравјецки вели се фокусираме на модернизација и брзо вооружување на полската армија....

По зголемените тензии и дипломатскиот спор околу украинското жито, еден од најцврстите сојузници на Киев, Полска, повеќе нема да и доставува оружје на Украина. Моравјецки во ек на изборната кампања вели дека земјата работи на модернизација на сопствената армија.
„Веќе не пренесуваме оружје во Украина бидејќи сега се вооружуваме со најмодерно оружје. Ако не сакате да бидете во позиција да морате да се браните, мора да имате со што да се браните. Се фокусираме првенствено на модернизација и брзо вооружување на полската армија, така што таа ќе стане една од најсилните копнени армии во Европа и тоа за многу кратко време“, изјави Матеуш Моравјецки-премиер на Полска
Полска го повика украинскиот амбасадор по обраќањето на претседателот Зеленски во Обединетите нации. Тој рече дека некои нации глумат солидарност со Киев, што Варшава го осуди како „неоправдано во однос на Полска, која ја поддржува Украина од првите денови на војната“, од говорницата на Лонг Ајленд, упатени се низа критики до Русија за агресијата.
„Украина е место на злосторство и сторителот седи токму во оваа соба. Знаете кој сте. Кремљ сонува да ја врати старата руска империја. По Украина, кој ќе биде следниот? Украина и сите Украинци водат битка што не ја почнале, да ја бранат својата земја од војната што не ја сакале за да ги заштитат своите деца од страдањето што никој не го заслужува“, рече Шарл Мишел-претседател на Европскиот совет.
Ракетни напади врз неколку украински региони. Оштетена енергетската инфраструктура во централна и западна Украина. Нападнат е и Киев, има загинати и повредени. Противвоздушната одбрана соборила 36 од 43 руски проектили.
„Кога излегов видов како цигли паѓаат од вратата, потоа ѕидот и вратата беа уништени. Беше страшно“, рече Илија Мелник-студент во Киев.
„Ги броев експлозиите.10-15, 19-20, заврши со 20,.Падна тука, но не ме отепа. Излегов, немаше струја, телефон. Отидов кај мојата сосетка и со батериска ламба видовме дека се е уништено“, изјави Лидија Куценко-жителка на Керсон
Јужната страна на Бахмут е повторно првата линија на фронтот. Во далечината се слушаат експлозии, меѓународните медицински тимови имаат проблеми со евакуацијата на загинатите и повредените чиј број и натаму е државна тајна.
Маријана Димовска
