44-то издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Од 23 до 29 септември по 44 пат во Битола ќе се одржи интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ фестивалот ќе биде отворен, а исто така и затворен со проекција на два македонски филма. По црвениот тепих ќе зачекорат од 350-400 гости, од кои 160 странски и 50 ВИП. На филмските платна ќе бидат прикажани 79 филмови во чиј фокус оваа година ќе биде човекот наспроти технологијата...

Фестивалот „Браќа Манаки“ од година во година добива се поголеми размери. На црвениот тепих пред центарот за култура во Битола, ќе зачекорат повеќе од 350 гости, од кои 160 странски и 50 ВИП. На филмското платно ќе бидат прикажани 79 филмови.
Познатата македонска актерка и продуцент Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, оскаровецот Питер Бижу, е добитник на наградата „Златна камера 300 за животен опус“.
Специјалната програма вклучува 20 општествени настани, меѓу кои „тркалезна маса на женски кинематограферки.
Од 23 до 29 септември љубителите на филмот ќе можат да уживаат во извонредните програми на најстариот филмски фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Александра Максимовска
