Македонија

Граѓански здруженија на нов протест пред Министерството за правда против извршителите

21.09.2023 17:00

Граѓански здруженија на нов протест пред Министерството за правда против извршителите. Велат не се почитува законот, долгови стари повеќе од 10 години не се отпишуваат, извршителите ги бараат парите...

Граѓани плаќаат сметки од пред 20 години. Со измените на Законот за облигациони односи овие долгови се застарени. Два месеца не се почитува правото, реагираат граѓанските здруженија. Велат, долгови стари повеќе од 10 години не се отпишуваат, извршителите ги бараат парите. Бараат министерот за правда да реагира, со пишан документ да наложи почитување на измената, во спротивно ќе организираат протести.

Граѓанските здруженија бараат на извршителите да им бидат одземени лиценците за работа.

Пред пресот министерот за правда случајно се сретна со граѓанските активисти и им рече дека ќе се сретне со нив. На состанокот министерот Кренер Лога им ветил дека од Аплацискиот и Врховниот суд ќе побара експертско толкување на законот и автентично толкување од Собранието.

Пред три недели пред Министерството за правда имаше протест од незадоволни граѓани.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски