Велосипедизам
Ару за нова италијанска етапна победа
25.05.2014 17:41
На Џиро Д, Италија одново на планинските превои се водеше големата велосипедска битка. Долгиот завршен успон од 15 етапа мина во знак на Фабио Ару. 23-годишниот Италијанец во дресот на „Астана“, во голем стил го совлада успонот до целната линија во План ди Кампиони и се вмеша во борбата за првото место во генерален пласман. Тоа е трета последователна победа на италијанските возачи на годинешниов Џиро.Колумбијците Дуарте, Кинтана и Уран и Французинот Ролан ја сочинуваа групата, која што го следеше Ару.

На Џиро Д, Италија одново на планинските превои се водеше големата велосипедска битка. Долгиот завршен успон од 15 етапа мина во знак на Фабио Ару. 23-годишниот Италијанец во дресот на „Астана“, во голем стил го совлада успонот до целната линија во План ди Кампиони и се вмеша во борбата за првото место во генерален пласман. Тоа е трета последователна победа на италијанските возачи на годинешниов Џиро.Колумбијците Дуарте, Кинтана и Уран и Французинот Ролан ја сочинуваа групата, која што го следеше Ару. Носителот на розовата маичка Ригберто Уран не само што успешно ја задржа лидерската позиција во трката, туку ја зголеми и предноста пред второпласираниот Австралиец Кадел Еванс.Утре на „Џиро“ е слободен ден, 16-та ќе се вози во вторник од Понте ди Љењо до Вал Мартело.До крајот на трката преостануваат уште шест етапи.
Џиро Д, Италија: 15 етапа-резултати
1.Фабио Ару(Ита) 5:33,05
2.Фабио Дуарте (Кол) + 0.21 сек
3.Наиро Кинтана (Кол) + 0.22 сек
4.Пјер Ролан (Фра) +0.22
5.Ригберто Уран (Кол) + 0.42 сек
Генерален пласман:
1.Ригберто Уран (Кол) –
2.Кадел Еванс (Австрал) + 1.03 мин
3.Ролан Мајка (Пол) + 1.50 мин.
4.Фабио Ару (Ита) + 2.24 мин
