Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

22.09.2023 08:14

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.