Се подготвува Закон за вишок на храна
Изготвен е Предлог на закон за донирање на вишок на храна. Донатор е физичко или правно лице кое за општествена корист подарува производи за јадење без профит. Крајни корисници се физички лица. Не може да се понуди храна од кетеринг активности и од домаќинства …

Со Предлог-законот се уредуваат условите, начинот и постапката за донирање на вишок на храна. Донирањето не се однесува на храната од кетеринг активности и од домаќинствата. Предмет на подарувањето треба да бидат безбедни производи за јадење кои се непродадена заради недостиг на побарувачка, повлечени бидејќи не ги задоволува стандардите за продажба на фирмата, на кои им се ближи крајниот рок на траење, залихи и основи земјоделски производи од растително потекло.
Тука спаѓа и неискористена храна подготвена во маркети и угостителски објекти, финалните пекарски производи непродадени во рок од 24 часа и конфискувани јадења безбедни за употреба.
Подарувач е физичко или правно лице кое храната ја дава за општествена корист без профит, а корисници се приматели на социјални услуги и на посебен додаток, лица погодени од елементарна непогода, домаќинства со вкупни приходи во висина до минималната плата, пензионери со најниска пензија, бездомници и лица вклучени во програми за ресоцијализација.
Дистрибутери на ваквата помош се даватели на социјални услуги за дневен и привремен престој и за вон семејна заштита, народни кујни, верски заедници и религиозни групи кои ќе се снабдуваат преку оператор, кој ќе врши прибирање на донациите.
Методија Трајков
