183 санкции за брзо возење на територија на државата
Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 54 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи.
Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 54 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
