Продолжуваат притисоците врз Македонците во Пустец
Македонците од Пустец велат дека се под големи притисоци за изјаснувањето на пописот од бугарски активисти...

Во Албанија во тек е пописот на населението кој треба да трае до 30-ти октомври. Македонците од Пустец велат дека се под големи притисоци за изјаснувањето на пописот од бугарски активисти. Добивале закани доколку не се попишат како Бугари. Претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов јавно со статус на Фејсбук.
„Доколку сега не се изјасните како Бугари ќе ви бидат одземени пасошите, а оние кои се во постапка, истата ќе биде запрена. Веќе имаме еден таков случај-помислете“, напиша Стојанов на својот Фејсбук-профил.
Изминатиот период бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации беа меѓу Македонците во Албанија, во обид да ги убедат дека се Бугари. Се ветувале пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија и работа.
