Сообраќај

МВР: 304 санкционирани возачи на територија на Куманово во изминатата недела

22.09.2023 11:26

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 304 возачи, од кои 213 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 52 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.