ТАЈВАН
Тајван: Откриени 24 кинески воени авиони во зоната за воздушна одбрана
22.09.2023 11:55
Најмалку 17 авиони ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец...

Тајван открил 24 кинески воени авиони во зоната за воздушна одбрана во изминатите 24 часа, дел од редовната шема на она што Тајпеј го нарекува кинеско вознемирување. Најмалку 17 авиони ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец.
Тензиите околу Тајван, кој Кина го смета за своја територија, значително се влошија по посетата на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на островот на почетокот на август минатата година.
