Македонија

Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство во САД

22.09.2023 12:08

Освен во Илиноис, македонската култура месецов се слави и во Мичиген...

Илиноис е втората сојузна американска држава која го прогласи септември за месец на македонското наследство во САД. Во информацијата што ја пренесе „Гласот на Америка“ на македонски се наведува, дека гувернерот на Илиноис, Џеј Би Рицкер рекол дека македонските Американци придонесуваат културно, економски и филантропски, и оти многубројни вредни македонски имигранти помогнале да се одржи американскиот претприемачки дух и веќе се дел од историјата и културата на Чикаго.

Освен во Илиноис, македонската култура месецов се слави и во Мичиген. Ова следува откако во јули, републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот, според која септември би се прогласил за месец на македонско-американско наследство.