РОМАНИЈА
Сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во јужна Романија
22.09.2023 12:12
Сообраќајот во реонот на несреќата е блокиран...

Над 60 лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во јужна Романија. На терен се оперативни екипи со противпожарни и возила на итна помош. Надлежните побараа помош и на локално ниво. Сообраќајот во реонот на несреќата е блокиран.
Интервенцијата за гаснење на пожарот предизвикан од камионот продолжува.
