Цистична фиброза

„Трикафта“ помага, се чека лек за сите пациенти

22.09.2023 12:39

Пациентите со цистична фиброза кои добија „Трикафта“ полесно дишат. Половина година го користат лекот и веќе им е подобрена здравствена состојба. Но, асоцијацијата стравува што по нова година, и прашува кога потребната терапија ќе ја добијат сите болни...

Ивана сега не мора да се инхалира 5 – 6 пати дневно, па бара работа. Вели, се чувствува слободна, здрава, може да шета и да патува. Дише двојно подобро од пред шест месеци, кога почна да ја прима модулаторната терапија за цистична фиброза со „Трикафта“. Таа повеќе не пие антибиотици.

Но, неизвеснот ја демне неа и нејзините соборци со цистична фиброза, оние што примаат терапија дали ќе продолжат да ја добиваат терапијата, но, и дали и другите болни ќе го добијат лекот.

Додека Ивана и другите пациенти чекаат да се исполнат ветувањата кои им се дадени, проблем имаат со недостиг на лекот Креон, панкреасни ензими кои им се потеребни за организмот да им ја свари храната.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски