свет

Ерменија бара мисија на ОН во Нагорно-Карабах

22.09.2023 12:49

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во Нагорно-Карабах кои го предаваат оружјето. Баку бара мисија на Обединетите нации. Протести во Ереван...

Не запираат немирите во главниот град на Ерменија по одлуката за предавањето на оружјето и евакуацијата на населението во Нагорно-Карабах. Полицијата уапси десетици демонстранти, употреби и солзавец во протестот во кој се бара оставка на премиерот Пашинјан. И лидерот на опозициската мајка Ерменија, Адраник Теванјан е меѓу приведените.

„Се повеќе ги мразам и двете страни, и геноцидната политика на Баку и неодговорноста на нашата влада“, изјави Михаел Восканјан-композитор.

„Состојбата ќе се смири ако се смени владата која треба да биде национална. Со таква влада ќе имаме прецизни барања за да ја смениме ситуацијата. Со оваа влада ништо не може да се смени“, изјави Саргис Аветисијан, лидер на Партијата солидарност.

Рускиот претседател Путин претходно разговараше со азербејџанскиот Алиев за соодветна безбедност на православните Ерменци во спорниот регион. Политиката на Кремљ ја образложи заменикот претставник во Обединетите нации, Полански. Мирот е и натаму недостижен. Истото барање пристигна и од Европската унија на итната седница на Советот за безбедност.

„Рускиот претседател разговараше со ерменскиот премиер и со азербејџанскиот претседател. Се надеваме дека идната состојба ќе се смирува. Бараме да се почитува Меѓународното право во Нагорно-Карабах за признавање на етничките права на населението“, Дмитри полански-заменик претставник на Русија во ООН.

„Правата на Ерменците од Нагорно-Карабах мора да се почитуваат. За ова не може да се употребува сила. Мора да се дозволи на хуманитарните организации да дејствуваат на теренот. Азербејџан мора да им овозможи нормален живот на тамошните Ерменци“, изјави Жозеп Борел висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

Брисел планира испраќање на хуманитарна помош во Нагорно-Карабах, во кој веќе дејствува неколкуилјаден контингент руски мировници.

 

Зоран Богатинов