ДИЗ
Вонредни надзори за токсичните пиперки
22.09.2023 13:13
По информациите од Хрватска дека во македонски пиперки, извезени во оваа земја се пронајдени токсични материи, кои според стандардите за храна на ЕУ не се безбедни зашто е користен пестицидот форме-танат, се огласи Државниот инспекторат за земјоделство...

По информациите од Хрватска дека во македонски пиперки, извезени во оваа земја се пронајдени токсични материи, кои според стандардите за храна на ЕУ не се безбедни зашто е користен пестицидот форме-танат, се огласи Државниот инспекторат за земјоделство.
Оттаму чекаат официјално известување со точни податоци за пратката, по што ќе бидат спроведени вонредни инспекциски надзори за да се утврдат производителите.
Ќе се спроведат и надзори за начинот на употреба на фитофармацевтски производи.
