политика

ВМРО-ДПМНЕ: Пратеничката група е кохезивна

22.09.2023 13:54

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги реафирмираше веќе познатите ставови за уставните измени, нема отворање на највисокиот правен акт под бугарски диктат. Целосна поддршка и за лидерот Мицкоски …

По јавните преписки меѓу Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на Централниот комитет на партијата. Опозиционерите тврдат дека нивната пратеничка група е кохезивна и ниту еден пратеник нема да даде поддршка за уставните измени под овие услови. Целосна поддршка и за лидерот Мицкоски.

Марина Стојанова-Тонева информира за последните случувања на политичката сцена.