Ексклузивно интервју на Расмусен за МРТ: Најдете решение за проблемот со името

25.05.2014 18:05

Расмунсен во интервјуто зборува и за очекувањата од септемврискиот самит на НАТО, како и за состојбата во Украина...

Фактот што не направивме чекор напред во примањето во НАТО се должи на добро познатиот спор со името. Затоа јас не го сметам тоа за личен неуспех бидејќи не сум во позиција да го решам тој проблем, вели во интервју за Македонската телевизија, генералниот секретар на НАТО алијансата, Андерс Фог Расмусен.

„Се согласивме да се држиме до договорот од Букурешт во 2008-та дека сме подготвени да дадеме покана за преговори за членство со НАТО, веднаш штом ќе се постигне заемно прифатливо решение за името. Прво и најважно, тоа прашање мора да се реши со преговори меѓу Атина и Скопје“, нагласува Расмусен.

Расмунсен во интервјуто зборува и за очекувањата од септемврискиот самит  на НАТО, како и за состојбата во Украина.