ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не е нарушена кохезијата на нивната пратеничка група
По јавните преписки меѓу Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на Централниот комитет на партијата. Опозиционерите тврдат дека нивната пратеничка група е кохезивна и ниту еден пратеник нема да даде поддршка за уставните измени под овие услови...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди позицијата на партијата – под овие услови, нивните пратеници да не дадат „пас“ за уставните измени. По последните превирања во опозиционерските редови и јавните преписки меѓу актуелниот и поранешниот лидер, Мицкоски и Груевски, партијата тврди дека во нивните редови има кохезија и единство.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и порача – неправдата никогаш не нè скршила.
По последните превирања, од СДСМ порача да не ги мешаат во внатрешните кавги во ВМРО-ДПМНЕ.
Изминативе неколку дена ескалираа обвинувањата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена во реномираниот германски медиум го обвини својот претходник дека тајно преговарал со СДСМ за измените на Кривичниот законик, за возврат да помогне да се обезбедат вмровски пратеници за уставните измени.
Марина С. Тонева
