ЈИЕ

Форум на жени лидери на ЈИЕ

22.09.2023 18:28

Во рамки на конференцијата беше промовирана анализата на UN Women – „Перцепции за род и корупција во Северна Македонија“, во авторство на Ана Дангова Хуг. Раководителката на UN Women во земјава, Весна Ивановиќ Кастаред истакна дека корупцијата е главна пречка за одржлив економски развој...

„Разоткривање на корупцијата преку родова призма: Истражување на пресекот на родовата (не)еднаквост и социјалниот интегритет“, беше тема на третиот и последен панел на денешната регионална конференција која се одржува во Скопје, во организација на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, кој беше основан на иницијатива на вицепремиерката Славица Грковска, со поддршка од UN Women.

На панелот, кој го модерираше министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, учествуваа Весна Ивановиќ Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women за Северна Македонија, Лаура Албу, претседателка на Романската платформа на Европското женско лоби и членка на ГРЕВИО, Десислава Готскова, раководителка на секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива РАИ и Наташа Новаковиќ, поранешна претседателка на Комисијата за спречување конфликт на интереси во Хрватска. Со видео обраќање се вклучи и директорката на Националната агенција за транспарентност на Грција, Александра Рогаку.

Во рамки на конференцијата беше промовирана анализата на UN Women – „Перцепции за род и корупција во Северна Македонија“, во авторство на Ана Дангова Хуг. Раководителката на UN Women во земјава, Весна Ивановиќ Кастаред истакна дека корупцијата е главна пречка за одржлив економски развој на едно општество и поради тоа е задоволна што од оваа анализа произлегуваат препораки кои ќе помогнат во надминувањето на воочените состојби и проблеми.