Македонија

Двоен јубилеен концерт „Првите мои 20 во 30 “

22.09.2023 21:02

Концертот е со хуманитарен карактер за децата болни од дијабетес, а програмата ќе биде разновидна...

На 2-ри октомври во Националната Опера и Балет, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт „Првите мои 20 во 30“, концерт што одбележува 30 години уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри и 20 години Гудачки камерен оркестар „Арко“.

Концертот е со хуманитарен карактер за децата болни од дијабетес, а програмата ќе биде разновидна: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенго, рок, латино, преку ориентот до нашиот фолклор. За прв пат во Македонија ќе настапат истанбулското класично кеменче со Нагме Јаркин и пановата фрула на Ајдн Јаваш од Турција.

Учесници се: баритонот Џемиљ Реџепи од Италија, сопранот Ивана Здравкова од Австрија, виолинистите Михајло и Момчило Куфојанакис, Мерсиха Шухри – харфа, Лазар Сандев – мандолина, Добрила Грашеска – вокал, актерот Никола Ристановски, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес и Мандолинскиот оркестар „Скопје“.

Диригент и специјален гостин на концертот е Маестро Рамадан Шукри.