Одбојка

Очекуван пораз на Македонија од Полска

25.05.2014 18:07

Македонската одбојкарска репрезентација ги заврши натпреварите во квалификациите за ЕП 2015 година со пораз против селекцијата на Полска од 0 : 3. Според очекувањата, главниот фаворит во групата 1 не дозволи изненадување и го доби првиот сет со 25 : 19 идентично и вториот, а во третиот ја доврши работата со 25 : 21.

Тоа беше 5 та победа за Полјаците кои само го потврдија првото место со 16 бода и обезбедија директно учество на шампионатот што следната година ќе се одржи во Италија и во Бугарија. Нашите одбојкари ги завршија квалификациите со една победа и 5 освоени бодови со кои се на третата позиција, со бод повеќе пред Летонија.

За да останат третопласирани е потребно домаќинот Словенија, која е сигурен патник во “баражот“ во вечерашниот натпревар да слави против Летонија.