Дојран

Наплатата на туристичката такса проблем за Општина Дојран

23.09.2023 09:14

Наплатата на туристичката такса во Општина Дојран и понатаму претставува најголем проблем. Се претпоставува дека ова лето имало околу 100 илјади ноќевања, но наплатата е слаба, заради што најавени се почести контроли и инспекции кај сместувачките капацитети...

Издавачите на студија и апартмани во Дојран редовно не ги пријавуваат гостите и затоа нема официјална бројка на регистрирани ноќевања. Вака тврди градоначалникот Анго Ангов според кого наплатата на туристичката такса е многу мала. Најави почести контроли и инспекции на сместувачките капацитети.

Ангов најави дека овие денови ќе започне организирањето туристички тури културно историските локалитети и споменици со цел Дојран да биде атрактивен и во претстојниот период.

Најголемиот дел од гостите ова лето во Дојран се од Македонија, но и од Србија кои ова туристичко место го користат како попатна станица за Грција и отседнуваат по неколку дена.

 

 

Ване Трајков