Македонија

Османи со охрабрување до нашинците во Албанија

23.09.2023 11:46

Македонците во Албанија под притисок на пописот да се изјаснат како Бугари. Шефот на дипломатијата Османи ги повика слободно да ја потврдат нивната етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност...

Шефот на дипломатијата Османи во одбрана на Македонците што живеат во Албанија кои од почетокот на пописот на 18- ти септември трпат притисоци за да се попишат како Бугари. Тој во јавно обраќање ги охрабрува нашинците слободно да ја изразат етничката, јазичната, религиската и идентитетската припадност, која вели е основно право на секој поединец. Албанија е слободна и не треба да ве загрижува пропагандата која се води деновиве, порача Османи кој уверува дека владата и натаму ќе ги штити интересите на Македонците.

Единствената македонска партија во Албанија регистрирала низа бугарски политичари и невладини организации како одат меѓу македонското население и делат подароци во вид на хуманитарна помош за на пописот да се изјаснат како Бугари. Ова во изјава за МТВ го тврди потпретседателот Едмонд Османи кој вели дека овие незаконски активности се веќе пријавени во албанските институции.

Последна во низата притисоци кон Македонците во Албанија беше и онаа на активистот Виктор Стојанов кој во објава на социјалните мрежи се закани до Македонците од Пустец, доколку не се запишат како Бугари ќе им биде одземен бугарскиот пасош и ќе бидат сопрени сите постапки за доделување на бугарско државјанство.

 

 

Викторија Милевска