Мајами со пресврт ја совлада Индијана
Кошаркарите на Мајами ја совладаа Индијана со 99 : 87 во третиот финален дуел во источната конференција во НБА лигата. Победата иако двоцифрена, воопшто не беше лесно извојувана, затоа што гостите поведоа со 7 поени по првиот период, а разликата ја удвои на полувремето. На стартот на третата четвртина имаа и највисоки 15 поени предност 37 22, и дури тогаш почнаа да ја чувствуваат жештината која ја наметна актуелниот шампион.

Кошаркарите на Мајами ја совладаа Индијана со 99 : 87 во третиот финален дуел во источната конференција во НБА лигата. Победата иако двоцифрена, воопшто не беше лесно извојувана, затоа што гостите поведоа со 7 поени по првиот период, а разликата ја удвои на полувремето. На стартот на третата четвртина имаа и највисоки 15 поени предност 37 22, и дури тогаш почнаа да ја чувствуваат жештината која ја наметна актуелниот шампион. Предводен од фантастичниот тандем Џејмс и Вејд, кои завршија со по 26 односно 23 поени до крајот на третиот период се погрижија за пресврт, кој го претворија во убедлива победа до крајот. Одличен од клупата беше Ален со 16 поени и снајперска прецизност, 4 од 4 за 3 поени.
Кај гостите Џорџ беше најефикасен со 17 поени но со многу потрошени топки, еден поен помалку имаше Хиберт. Тројниот шампион поведе во серијата со 2 : 1 а и во следниот меч игра пред своја публика. Во меѓувреме вечерва во Оклахома, домашната екипа го пречекува тимот на Сан Антонио, кој предводен од Паркер, Данкан и Џинобили ги доби првите два дуела во западното финале на свој паркет.
