Тајван

Експлозија во фабрика за производство на опрема за голф

23.09.2023 12:41

Пет лица загинаа, а 100 се повредени во експлозија во фабрика за опрема за голф во јужен Тајван...

Пет лица загинаа, а 100 се повредени во експлозија во фабрика за опрема за голф во јужен Тајван.

Пожарот избувнал во фабрика лоцирана во индустриска зона во областа Пингтунг. Околу 100 луѓе се повредени и пренесени во болница.

Тројца пожарникари се меѓу исчезнатите.