Ереван
Се апсат демонстрантите кои бараат оставка од Пашинјан
23.09.2023 12:42
Полицијата во Ереван ги приведе демонстрантите кои ги блокираат централните улици на градот...

Полицијата во Ереван ги приведе демонстрантите кои ги блокираат централните улици на градот.
Дел од демонстрантите останаа на плоштадот на републиката во близина на зградата на владата, каде бараат оставка од премиерот Пашинјан поради настаните во Нагорно-Карабах.
Претходно беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци.
