САД
Поради „Офелија“ вонредна состојба во три држави
23.09.2023 14:40
Тропската бура „Офелија“ се очекува да стигне до брегот на Северна Каролина. Прогласени се вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд...

Тропската бура „Офелија“ се очекува да стигне до брегот на Северна Каролина. Прогласени се вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд.
Метеоролозите предвиделе дека „Офелија“ ќе предизвика поплави опасни по живот во источните делови на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија.
Сепак, синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе ослабне откако ќе стигне на копно во југоисточниот дел на САД.
