Шеста титула за РК Металург
Во завршниот натпревар од годинашниот шампионат, Металург го совлада Пелистер во Битола со 25-20...

Ракометарите на Металург ја освоија шестата титула во домашниот шампионт, четврта во последните пет години откако тренер во Автокоманда е Лино Червар. Во завршниот натпревар од годинашниот шампионат, Металург го совлада Пелистер во Битола со 25-20 и со тоа се израмни според бодовниот ефект со единствениот ривал Вардар. Но поради подобриот меѓусебен биланс, составот на Червар е соственик на тронот и во наредната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.
Ренато Вугринец со 11 гола од коишто шест од пенал беше најпрецизен на денешниот натпревар во салата „Младост“ во Битола. Павел Атман и Дејан Манасков адоа по четири за гостинскиот тим. Кај Пелистер најефикасен беше Бесараб, исто така со четири погодоци.
