Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста
Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции...

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции.
Во своето обраќање министерот Бочварски потенцира дека воведувањето на Еврокодовите е чекор напред во подигнување на квалитетот на проектирањето и градбата и обврска која Република Севена Македонија мора да ја исполни во процесот на пристапување кон ЕУ.
Министерството за транспорт и врски во 2020 година го донесе Правилникот за стандарди и нормативи во кои се внесени Еврокодовите како нови стандарди при проектирањето со одложена примена до 2024 година. Оваа одложена примена беше донесена со цел низ овој временски период да се изврши соодветна едукација на сите чинители во градежната дејност заради нивна доследна имплеметација во градежништвото.
Имплементацијата на Еврокодовите е процес на усогласување со европската регулатива со што ќе се олесни пристапот и конкурентноста на домашните градежни компании на европскиот пазар.
