Скопје
Дете тешко повредено во градинка во Скопје
23.09.2023 17:07
Дете било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди...

Дете било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди.
Родителите кои го пријавиле случајот во МВР, велат дека нивното дете било два часа во градинката оти било во период на адаптација.
Го однеле во 8 часот, а кога таткото во 10 часот се вратил по детето и го донел дома, мајката почнала да го пресоблекува и не преостанувало да плаче.
Потоа со детето заминале кон ургентниот центар, каде лекарот му констатирал повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
