Подметнат пожар за да се прикрие убиство во Хром
35-годишниот скопјанец кој вчера изгоре во пожарот во неговиот стан во Скопје бил убиен со остар предмет, соопшти МВР за резултатите од обдукцијата...

35-годишниот скопјанец кој вчера изгоре во пожарот во неговиот стан во Скопје бил убиен со остар предмет, соопшти МВР за резултатите од обдукцијата. Пожарот во станот во населбата Хром бил пријавен вчера во 9:47 часот, а откако Бригадата за противпожарна заштита го изгаси во опожарениот стан е пронајден починат И. Ј.
„На телото на И. Ј. се утврдени траги од насилство и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека станува збор за насилна смрт како последица на убоди од остар предмет. СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
