Временска прогноза

Времето облачно, попладне дожд, грмежи и ветер

24.09.2023 09:19

Времето денеска ќе биде променливо облачно. На повеќе места, особено попладне и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно. На повеќе места, особено попладне и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.