Париз во црвена прашина
Париската црвена земја е и местото каде судиите единствената контра одлука ја имаат од самата земја и белегот втиснат во неа, без компјутерска поткрепа...

Црвеницата е белег на тениската француска префинета традиција цели 123 години. Не се отстапува од прашината, ниту од едноставноста која ја носи она што се нарекува Роланд Гарос, грен слем број два од светското тениско богатство и раскош, кое само по себе го нуди, бара и има овој спорт. Сеуште скржаво, привилегијата ја имаат само Мелбурн, Париз, Лондон и Њу Јорк. Париската црвена земја е и местото каде судиите единствената контра одлука ја имаат од самата земја и белегот втиснат во неа, без компјутерска поткрепа. Позитивно или не за тенисерите, но класиката останува сеуште главна француска нишка.
Агажирани се 250 девојчиња и момчиња меѓу 14 и 16 години, кои ќе се растрчуваат по терените следните 15-тина дена собрајќи ги, или додавајќи ги на тенисерите нивните идоли, топчињата.
Топчињата пак, кои по којзнае колку пати ќе бидат удрени со 100-200 па и повеќе километри на час ќе бидат 60 000 на број.
Акредитирани, што од пишани, што од телевизиски, радио до on line активни ”набљудувачи“ ќе бидат 1 500 низ париските Роланд Гарос терени.
Оние кои пак, ја прават вистинската атмосфера и кои ја ”дигаат најголемата прашина“, тенисерите и тенисерките, чекирани, сите што значат име и презиме во овој спорт. Најголемиот ривалитет се очекува да биде меѓу бројот еден на планетава, Рафаел Надал и бројот два, Новак Ѓоковиќ. Несмее никако да се отпишат ниту, Федерер, Мареј, Ферер, Вавринка. Можно е доколку се прекине низот кој од 2005-та наваму го нанижа трофејно Рафа, а го наруши Ноле, да донесе повтрона промена или само замена на позицијата број еден.
Кралот кој тајфунски мелеше се пред себе на црвеницата, годинава не изгледа доминантно. Останува во следните 15 дена да видиме дали некој ќе успее да му ги ”наполни “ очите и грлото со париската прашина.
Кај дамите Серена Вилијамс не стравува од прземање на WTA тронот, но ќе треба да се потруди да го одбрани трофејот, кој го чекаше лани да и се повтори по 11 години.
Оние пак, задолжени за атмосферата и главна подршка на тие кои се потат на мајското и јунско сонце публиката, се очекува да ја надмине ланската бројка од 430,093.
Играта на бројки и букви ја заокружуваме со она што значи награда за секој еден кој ја збогатува париската тениска традиција. За разлика од лани, победникот ќе заработи 10%, или 15 000 евра фазла, или банковното конто ќе му биде набилдано со плус 1 650 000 евра.