Сомалија

Загинати во експлозија на камион-бомба во Сомалија

24.09.2023 16:29

Во бомбашки напад на контролен пункт во Сомалија загинаа најмалку 15 лица. 40 се повредени...

Во бомбашки напад на контролен пункт во Сомалија загинаа најмалку 15 лица. 40 се повредени.

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа запалена кабина на камион и црн чад од местото на нападот во централна Сомалија.

Според полицијата меѓу загинатите има пет полицајци кои пукале во камионот во обид да го спречат да удри во блискиот контролен пункт.