Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“
Осветен е манастирот „Свето Преображение“ над Крушево, познат и како „Манастирот на Тоше“ за кој се залагаше да се издигне над манастирските темели од 12 век. Чинот на осветување пред голем број посетители и верници од земјава и странство го изврши поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан во сослужение на тројцата владици: Петар, Јован и Климент...

Познат е како Манастирот на Тоше. „Свето Преображение“ над Крушево по речиси четири децении е осветен.
Се издигнува на темелите на Манастирот од 12-тиот век.
Крушевчани се посебно горди. Го издигнаа новиот Манастир на темелите на стариот од 12-тиот век. Беше посебно место за Тоше Проески.
Борис Николов, уметник од Бугарија, автор на осликаната внатрешност-Ова е судбина. Прво го цртав ликот на Архангел Михаил. Шест години цртав, скицирав. За една година и осум месеци е сето осликано внатре.
Бројни посетители, верници од земјава и странство дојдоа на најсвечениот момент за Манастирот на преку 1.600 метри надморска височина.
Манастирот е мека за посетители и туристички обиколки.
Пред 13-тина години е обновен патот до Манастирот и е поставен крстот над светото здание.
Елизабета Митреска
