Спасовски во работна посета на Словенија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во наредните два дена (25 и 26.09) предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во наредните два дена (25 и 26.09) предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар. Во текот на утрешниот ден министерот Спасовски ќе присуствува на Церемонијата по повод 50 годишнината од систематското регрутирање на полицајци, некогаш наречени милиции. Притоа, двајцата министри ќе остварат тет-а-тет средба, по што следи билатерална средба помеѓу македонската и словенечката делегација.
Во оваа прилика, двајцата министри ќе потпишат Меморандум за обезбедување развојна помош помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Словенија за Одделот за воздухопловни единици. Притоа, министрите ќе дадат изјава на прес-конференција за словенечките медиуми.