Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

25.09.2023 08:05

Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во западните, централните и крајните северни делови...

Времето денеска променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во западните, централните и крајните северни делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме.