Влада
Премиерот Ковачевски ќе ја посети компанијата Алма М
25.09.2023 08:16
Како што соопштуваат од владината прес-служба, денеска премиерот Ковачевски ќе ја посети компанијата Алма М...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја посети компанијата Алма М, во Визбегово.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
