Министерот Спасовски на средба со словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.
Спасовски ќе присуствува на церемонијата по повод 50-годишнината од систематското регрутирање на полицајци, некогаш наречени милиции. Притоа, двајцата министри ќе остварат тет-а-тет средба, по што следи билатерална средба помеѓу македонската и словенечката делегација.
Во оваа прилика, двајцата министри ќе потпишат Меморандум за обезбедување развојна помош помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Словенија за Одделот за воздухопловни единици.
